Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Лас Вегас, Ферстапен од второто место по казната за Саинц

Возачот на Ферари, Шарл Леклер утре ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Лас Вегас откако имаше најдобро време во денешните квалификациски трки.

Неговиот клупски колега Карлос Саинц постигна второ најдобро време, но ќе биде казнет со десет места на стартот поради оштетување на болидот за кое не е виновен, оставајќи ја втората стартна позиција на Макс Ферстапен од Ред Бул, кој веќе ја осигура третата титула светски шампион во Формула 1.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој беше најбрз на третиот слободен тренинг, ќе стартува од третата позиција.

Леклер дојде до 23-та своја пол-позиција во кариерата и петта сезонава. Ферстапен на Големата награда на Лас Вегас цели кон 18-та победа во 21-та трка сезонава.

Се вчитува...