Леле што направивме – Десет години од кошаркарската бајка (ВИДЕО)

На денешен ден пред точно десет години македонската кошарка ја доживеа една од најголемите, ако не и најголемата победа во својата историја. Сред Каунас пред 15 илјади навивачи беше совладана Литванија со 67-65 за место во полуфиналето на Евробаскет 2011 година.

„Македонија ги шокира литванските домаќините“, беа зборовите на американскиот коментатор кој беше само еден од оние кои ја прославија големата победа на малата држава.

Димитар Мираковски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Ивица Димчевски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски ќе бидат запомнети како херои кои ја одведоа Македонија до самата завршница на големата сцена.

А, тројката на Владо Илиевски на 11.3 секунди пред крајот за водство од 66-65 ќе биде запишана како најважната тројка во историјата на македонската кошарка, тројка која и по десет години се врти по најавните шпици и буди пријатени спомени кај секој љубител на „портокаловата топка“.

Се вчитува...