Лео Бонучи: Сакам да бидам новиот Антонио Конте

Новиот капитен на Милан, Леонардо Бонучи, истакна дека има желба да биде тренер откако ќе ја заврши фудбалската кариера. Овој 30-годишен дефанзивец вели дека се гледа себеси како новиот Антонио Конте, неговиот поранешен тренер со кого освои три титули во Серија А.

„Секако дека сакам да бидам тренер откако ќе завршам со активното играње фудбал. Имам желба да играм уште 6-7 сезони, a потоа да се приклучам на стручниот кадар и да го учам новиот занает, исто како Антонио Конте. Се гледам себеси како новиот Конте, тој откако ја заврши со фудбалската кариера влезе во тренерските води и засега гради прекрасна кариера. Во кариерата имав можност да соработувам со неколку феноменални тренери, собирав различни знаења и тактики, начини на работа, а сега работам со исто така добар тренер. Монтела има светла иднина во тренерската кариера, очекувам од овој тим да направи конкурент за титулата во Италија, па и за Лигата на шампиони во блиска иднина“, истакна Бонучи.

Италијанскиот репрезентативец уште еднаш потврди дека финансиите не биле мотив за него при летниот трансфер од Јувентус во Милан.

Реков тогаш, а ќе повторам и сега – парите немаа врска со мојот трансфер во Милан, дојдов овде по нов предизвик во кариерата и убеден сум дека ја донесов вистинската одлука“ – изјави Бонучи.

Се вчитува...