Лесно му е на Палермо кога ќе се разигра Несторовски

Илија Несторовски е најзаслужен што Палермо останува на чело на табелата во „Серија Б“, откако сицилијанскиот клуб попладнево славеше на гостувањето против Падова со 1-3.

Македонскиот репрезентативец беше без гол за Палермо уште од октомври, но тоа му беше само мотив повеќе на Несто-гол за одлично издание во Падова. Тој најпрвин му асистираше на Александар Трајковски при израмнувањето на 1-1 пред крајот на првото полувреме, за во вториот дел Несторовски самиот да се запише меѓу стрелците, за печат на мечот и конечни 1-3.

Се вчитува...