Лестер избра нов тренер

Лестер конечно ја заврши потрагата по нов менаџер именувајќи го Дин Смит за нов предводник на „лисиците“, со јасно зацртана цел – обезбедување опстанок во елитното англиско фудбалско друштво. Договорот е потпишан до крајот на мај, со можност за продолжување ако Лестер и следната сезона биде дел од Премиер-лигата.

Лестер го отпушти Брендан Роџерс по серијата слаби игри и резултати, во меѓувреме преговараше со Џеси Марш и со Рафаел Бенитез, за на крајот изборот сепак да падне на 52-годишниот Смит, кој претходно ги водеше екипите на Норвич, Астон Вила и Брентфорд.

„Навистина сум среќен што добив шанса да го водам Лестер. Предизвикот ми е јасен, но јас и мојот стручен штаб веќе сме се соочиле со ваква ситуација. Лестер има квалитет и доволен број на натпревари за да обезбеди опстанок во Премиер-лигата“, изјави Дин Смит по потписот на договорот со „лисиците“.

Лестер моментно е претпоследен на премиерлигашката табела, а Дин ќе има исклучително тешко деби, на гостински терен против шампионот Манчестер Сити.

Се вчитува...