Лестер му изрази поддршка на Клаудио Раниери

Лестер беше вистинска сензација минатата сезона во Премиер – лигата, кога успеа да ја освои шампионската титула, но оваа година „лисиците“ се вратија во реалноста и се борат за опстанок во елитното друштво. Се засилија шпекулациите и за евентуална смена на менаџерот Клаудио Раниери, но раководството на клубот излезе со јавна поддршка за италијанскиот стратег.

„Раководството на Лестер има голема доверба во менаџерот Клаудио Раниери и сакаме јавно да ги демантираме сите гласини дека неговото работно место е загрозено. Напротив, Раниери и фудбалерите имаат полна поддршка од сите клупски структури и веруваме дека ќе успеат да ја остварат зацртаната цел, да обезбедат опстанок во Премиер – лигата“, е ставот на англискиот премиерлигаш Лестер.

Овој тим оствари само една победа во последните девет меча од англискиот шампионат.

Се вчитува...