Лестер над работ од бездната: Свонси го носи шампионот кон Чемпионшип

Шампионот Лестер минатата сезона беше сензација на столетието, но оваа сезона се врати во реалноста. Тимот на Клаудио Раниери го загуби петтиот последователен меч во Премиер – лигата, откако Свонси славеше против Лестер со 2-0 на домашен терен. Сега „лисиците“ се на работ од бездната, на 17.позиција со 21 освпен бод, само еден повеќе од Хал сити кој е во опасната зона на табелата.

Свонси игра одлично под водство на Пол Клемен. Алфи Моусон го доведе својот тим во водство во 36.минута, а Мартин Олсон непосредно пред одморот зголеми на 2-0. Махрез и Варди веќе не се супер-тандем како минатата сезона, па Лестер не умееше да возрати во второто полувреме.

Се вчитува...