Лестер повторно излезе најголем губитник во последното коло од Премиер-лигата откако загуби од Тотенхем со 2-4 и со тоа не се пласираше во Лигата на шампионите. Челси треба да му заблагодари на градскиот ривал Тотенхем, бидејќи „сините“ нема да ги чини поразот од Астон Вила со 2-1.
Ливерпул сам си ја заврши работата откако славеше над Кристал Палас со 2-0, со двата гола на Садио Мане. Кун Агуеро постигна два гола во последниот натпревар во ПЛ за Манчестер Сити во победата над Евертон од 5-0, на кој гостите не реализираа и пенал.
Манчестер Јунајтед славеше над Вулверхемптон со 1-2 и тоа ја заокружи сезоната без ниту еден пораз на гостински терен.
РЕЗУЛТАТИ ПРЕМИЕР ЛИГА (38. КОЛО)
Арсенал – Брајтон 2-0
Астон Вила – Челси 2-1
Фулам – Њукасл 0-2
Лидс – ВБА 3-1
Лестер – Тотенхем 2-4
Ливерпул – Кристал П. 2-0
Манчестер С. – Евертон 5-0
Шефилд – Барнли 1-0
Вест Хем – Саутемптон 3-0
Вулверхемптон – Манчестер Ј. 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА