Лестер со пресврт до триумф против Кристал Палас… (ВИДЕО)

Лестер ја одржува предноста пред конкурентите во битката за третата позиција во Премиерлигата, откако со пресврт славеше со 2-1 против Кристал Палас во 33. коло.

Гостите поведоа со голот на Заха уште во 12. минута, но потоа домаќините со два гола во второто полувреме дојдоа до трите бода.

Кастање во 50. минута израмни на 1-1, а Ихеаначо во 80. минута заокружи на 2-1.

Лестер по оваа победа со 62 бода, е на пет бода од второпласираниот Манчестер јунајтед.

 

Се вчитува...