„Летаме“ во Лигата на нации… Шанса како никогаш досега за ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација успеа да ја оствари зацртаната цел од првите два натпревари во Лигата на нациите. Со две победи на стартот, посебно онаа вечерашната на „Филип Втори“ против Ерменија, цврсто чекориме на патот кон освојување на првото место во групата кое би ни донело бараж за пласман на Европското првенство 2020.

Избраниците на Игор Ангеловски, иако со играта не воодушевија, се чини контролирајќи се на теренот успеаја без многу напор да стигнат до посакуваните три бода против Ерменците во Скопје. Сето тоа, се чини, за многу помирно продолжение на натпреварите од Групата 4 во Д Лигата на нации кои не очекуваат во октомври и во ноември…

 

Се вчитува...