Левандовски чека повик од „кралот“

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски не се откажува од својата намера да ја напушти „Алијанц арена“ во овој летен преоден рок. Негова желба е да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и да го облече дресот на Реал Мадрид, открива „Марка“. Тој го очекува повикот од „кралскиот клуб“, иако веќе доби сигнал од Баерн Минхен дека нема да му биде дозволено да си замине.

Но, Левандовски токму за да реализира трансфер и го ангажира Пини Захави за нов менаџер, а тој има одлични релации со Флорентино Перез.

Актуелниот договор на Полјакот со Баерн Минхен му истекува во 2021 година.

 

Се вчитува...