Левандовски им открил на соиграчите: Сакам да играм за Реал Мадрид

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски на лето најверојатно ќе се пресели во Мадрид и ќе стане „крал“. Тоа е негова желба и веќе им ја соопштил на дел од своите соиграчи во Баерн Минхен, и тоа токму пред полуфиналните мечеви во Лигата на шампионите против „кралскиот клуб“, открива „Спорт Билд“.

Левандовски му најави на раководството на Баерн Минхен дека сака нов предизвик, иако има актуелен договор до 2021 година. Сепак, директорот Карл – Хајнц Румениге се обиде да ја убеди јавноста дека голгетерот ќе остане на „Алијанц арена“.

„Никој нема да може да го птопише Роберт Левандовски без волјата на Баерн Минхен. Сигурен сум дека тој ќе остане во нашиот клуб и следната сезона“, изјави Румениге.

Баерн Минхен одреди отштета од 100 милиони евра за полскиот интернационалец.

Се вчитува...