Левандовски, најдобар фудбалер на Полска за 2016 година

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, го доби признанието за најдобар фудбалер на Полска за 2016 година. Тоа е шести пат последователно Левандовски да го добие ова ласкаво признание за најдобар фудбалер во својата земја.

„Неизмерно сум благодарен за ова ново признание, ќе ми биде поттик да продолжам да работам напорно и да прикажувам уште подобри игри во следниот период“, изјави Левандовски.

Тој изминатата година освои двојна круна во Германија со тимот на Баерн Минхен, а со репрезентацијата на Полска стигна до четвртфиналето на Европското првенство кое се одржа во Франција.

levandovski trofej

Се вчитува...