Левандовски погодува и како „златна резерва“ за Баерн

Баерн Минхен не успеа да ја повтори играта од големиот триумф над Арсенал и на дуелот во Бундес-лигата против Херта, откако актуелниот првак едвај успеа да остане непоразен  на гостувањето против Херта. Карло Анчелоти реши да се коцка и го остави Роберт Левандовски на клупата, па Баерн по првото полувреме имаше негатива по погодокот на Ибишевиќ. Полјакот влезе во игра во вториот дел, а потоа и во самиот финиш го постигна израмнувачкиот погодок во 96. минута, помагајќи му на својот тим да остане непоразен во Берлин.

Борусија Дортмунд одигра фуриозен натпревар против Волфсбург, славејќи со 3-0. Тухел се реши за стартна формација со Обамејанг, Шурле, Дембеле и Ројс, што донесе резултат, „милионерите“ лесно создаваа шанси, а дел од нив ги претворија и во убедлива победа. Брума со несмасна интервенција си постигна автогол за отворање на резултатот, а дилемите околу победникот беа решени во второто полувреме, кога Пишчек и Беналјо го матираа гостинскиот голман.

Ајнтрахт неочекувано загуби со 0-2 од Инголштад, откако тимот од Франкфурт најпрвин рано прими гол, аа потоа уште во 34. минута остана со играч помалку по исклучувањето на Абрахам.

Резултати Германија:

Борусија Д. – Волфсбург 3-0, Ајнтрахт – Инголштад 0-2, Хофенхајм – Дармштад 2-0, Херта – Баерн М. 1-1, Мајнц – Вердер 0-2.

Vedat Ibisevic Goal HD – Hertha Berlin 1-0… by jahjahashani

Robert Lewandowski Goal HD – Hertha BSC 1-1… by Livee1Goals
All Goals & highlights – Borussia Dortmund 3-0… by denysenathan

Се вчитува...