Левандовски сака на „Сантијаго Бернабеу“, повторно побара дозвола за трансфер

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски повторно го актуелизирал прашањето за заминување од „Алијанц арена“ и побарал дозвола за трансфер од раководството на Баерн Минхен. Иако имаше најави дека напаѓачот го променил својот став и сигурно ќе остане во клубот и претстојната сезона, сепак, германските медиуми откриваат дека Левандовски и понатаму има желба за промена на средината.

За него е заинтересиран Реал Мадрид, кој го бара наследникот на Кристијано Роналдо. „Кралскиот клуб“ е подготвен да плати 100 милиони евра за да доведе нова мегаѕвезда, а Левандовски се надева дека токму тој ќе го облече белиот дрес пред Еден Азар.

Полјакот има актуелен договор со Баерн Минхен до 2021 година.

 

Се вчитува...