Леванте со честитка за Барди – фудбалер на годината во Македонија (фото)

Енис Барди е добитникот на наградата за најдобар македонски фудбалер во изборот на ФФМ за 2017 година, се пофали и неговиот клуб Леванте. Воедно, шпанскиот прволигаш преку своите профили на социјалните мрежи му честиташе на Барди за големото признание, кое треба да му биде врачено на манифестацијата што ќе се одржи на 3 декември во Скопје.

Барди зад себе има фантастична сезона најпрвин во дресот на Ујпешт, потоа и со извонредниот старт на авантурата во Леванте, а во меѓувреме со голем успех настапуваше и за младинската репрезентација на Македонија на историскиот првак настап на ЕП во Полска. На последните натпревари тој беше стандарден и во сениорската репрезентација на Македонија, на дуелот со Лихтенштајн постигнувајќи го својот прв погодок за А селекцијата.

bardi cestitka

Се вчитува...