Леванте во финишот загуби од Алавес, Барди играше цел меч (ВИДЕО)

Леванте никако не успева да дојде до првиот триумф во шпанска Ла Лига, откако денеска загуби од Алавес на гости со 2:1. Во судиското надополнување, домашниот тим стигна до победата во меч во кој Енис Барди за Леванте одигра цел меч.

Тимот на Барди водеше по првиот дел со гол на Де Фрутос. Во вториот дел во последните 13 минути дојде пресвртот и тоа преку Жоселу. Најпрво играчот на Алавес од пенал погоди, а потоа и од игра во 91 минута за голем триумф на Алавес.

Леванте сега е на последното место на табелата со шест бодови, и без ниту една победа, со шест нерешени резултати по 13 кола.

Се вчитува...