Лихтштајнер пред трансфер во Ница

Стефан Лихтштајнер е на добар пат да си замине од Јувентус откако десниот бек веќе се договорил за преселба во редовите на Ница. Швајцарецот има само уште една година од актуелниот договор со „старата дама“ и добил зелено светло за разговор со други клубови, а од неколкуте понуди на негова адреса ја избрал онаа на францускиот прволигаш.

Како што јавуваат италијанските медиуми, тој ќе заработува три милиони евра по сезона во следните две години, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. За реализација на овој трансфер неопходно е уште клубовите да се договорат за отштетата, а според информациите од Апенинскиот полуостров раководството на Јувентус ќе бара 10 милиони евра за својот искусен дефанзивец.

Тој би бил вториот десен бек што ја напушта „старата дама“ летово откако претходно истото го стори и Дани Алвеш. Јуве веќе го ангажираше Де Шилјо од Милан за оваа позиција, а во тек се и преговорите со Валенсија и Жоао Кансело, за чии услуги италијанскиот првак понуди 17 милиони евра плус Лемина.

Се вчитува...