Лина Ѓорческа денеска во битка за полуфинале на силниот турнир во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа денеска ја очекува четвртфиналниот дуел во поединечна конкуренција на силниот ИТФ турнир во Чешка Липа кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа во битката за полуфиналето ќе се соочи со домашната тенисерка Јесика Малечкова, откако вчера во извонреден натпревар славеше против првата носителка на турнирот Пана Удвари од Унгарија.

Македонската тенисерка ја победи Унгарката убедливо со 6-2, 7-5 на тој начин продолжувајќи на турнирот без ниту еден загубен сет во досегашниот тек.

Се вчитува...