Лина Ѓорческа со скок од три места на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа скок од три места на најновата ВТА листа, и сега е на 201 место на овој ранкинг.

Ѓорческа на последните пет настапи има две победи, против Ајла Аксу и Нуриа Бранкачо, и тир порази од Амарни Банкс, Алиона Болсова-Задоинов и Софиа Костулас.

Последен настап беше во Трнава, Словачка каде загуби во 1/8 финалето од Банкс од Велика Британија. Тоа беа единствените настапи во ноември, додека во Окромври играше во Роверето (Италија) и Самсун (Турција).

Скок за две места запиша и Магдалена Стоилковска, која сега е на 1472 место на листата.

Се вчитува...