Лина Ѓорческа сопрена во осминафиналето од турнирот во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето од ИТФ шампионатот во Чешка откако загуби од домашната тенисерка Никола Бартункова со 2-1 (7-5, 2-6, -).

Во првиот сет кој траеше речиси еден час чешката тенисерка славеше со 7-5, а откако Ѓорческа одговори одлично во вториот сет добивајќи го со 6-2, немаше сили за целосен пресврт во одлучувачкиот трет сет.

Како потсетување, во првиот натпревар од турнирот во Чешка нашата тенисерка славеше против Белорусинката Вера Лапко со 2-0.

Се вчитува...