Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го доживеа еден од најтешките порази во професионалната кариера, откако беше елиминирана во првото коло на ИТФ-фјучрсот во Прага.
Ѓорческа против шпанската тинејџерка Ане Минтеги Дел Олмо загуби во три сета, но само првиот ќе го памети по добро. Таа иако го освои првиот сет со 6-3, во следните два не успеа да освои ниту гем и на крајот да ги загуби со 0-6 и 0-6.
Ѓорческа останува дел од турнирот во двојки, каде ја чека четвртфинале. Македонската тенисерка игра со Деа Херделаж, а противнички им се Анета Лабуткова и Јована Мархова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА