Линекер ги мотивира Англичаните: Чувството да дадеш гол во четвртфинале е неверојатно!

Легендарниот англиски напаѓач Гери Линекер го следи Мундијалот како аналитичар, а со своите твитови постојано ги коментира највозбудливите настани од Светското првенство. Се разбира, посебно е емотивен кога е Англија во прашање. Едвај го преживеа, заедно со останатите Англичани, изведувањето пенали против Колумбија во осминафиналната пресметка, а сега на посебен начин сака да ги мотивира Хари Кејн и друштвото пред денешниот четвртфинален дуел против Шведска.

„Чувството кога ќе постигнеш гол за својата земја во четвртфинале на Светско првенство е неверојатно. Ајде, Англија“, напиша Линекер на Твитер.

Линекер беше стрелец против Камерун од пенал, во четвртфиналето на Мундијалот во Италија 1990 година.

Се вчитува...