Лингард: Не, мамо, не си доаѓам дома…

Англија го надмина пенал – проклетството и по драматично изведување на удари од белата точка славеше триумф над Колумбија за пласман во четвртфиналето на Светското првенство во Русија. Селекцијата на гордиот Албион пропушти триумф во регуларниот тек од мечот, кога Јери Мина постигна гол за израмнување во судиското продолжение, а најголемата драма се случи при изведување на пеналите.

Колумбија беше блиску до триумф, но не ги искористи двата последни пенали, а Англичаните тоа знаеја да го искористат и да слават по ударите на Трипие и на Даер.

Џес Лингард, на фантастичен начин го отслика триумфот на својата селекција.

„Не, мамо, не си доаѓам дома“, напиша тој на Твитер.

Се вчитува...