Лино Червар: Да не бев јас, Македонија ќе немаше репрезентација!

Лино Червар не поднесува критика. Хрватскиот стратег тоа го покажал многупати досега, а го покажува и пред стартот на ЕП во Хрватска. На изјавата на легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков, дека „Лино е стар волк, ама неговото време е минато“, поранешниот селектор на Македонија, сега предводник на Хрватска, одговори во негов стил дека тој е заслужен што Македонија има репрезентација?!

Еве што кажа Пепи Манасков во анализата за Balkan-handball.com:

Желбите се едно, а можностите нешто друго. Лино е стар волк, но мислам дека неговото време помина. Најголемите успеси ги направи ако селектор на Хрватска и ова му е благодарност за крај на кариерата, да се обиде да направи единственото што не успеал досега. Ова му е награда од Хрватската ракометна федерација“.

Но, изјавата на македонската легенда предизвика нервоза во Хрватска, па набрзо стигна одговорот од Червар.

„Се чудам зошто нашите медиуми го пренесоа тоа. Тоа ми е многу инетересно. Зошто? Да ме провоцираат, да ме мотивираат? Јас сум еден од нбајтрофејните тренери на овие простори. Штета што човек, односно играч кој имаше добра кариера, а тоа сега не го работи…си зема право да ги оценува другите. Тоа е лошо за спортот. Тоа не е поради мене. Мене никој не може да ми наштети. Знам што сум направил, па и во Македонија. Тие не би имале репрезентација, ако јас не работев со тие деца“ – одговори Червар во разговорот за хрватската телевизија РТЛ.

Се вчитува...