Ракометната репрезентација на Литванија продолжува со одличните партии во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Откако во 2. коло Литванците на домашен терен стигнаа до инзненадувачки триумф против нас, овојпат без поголеми проблеми со убедливи 20-30 славеше над Естонија.
Аиденас Маласинскас со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Денер Јанима исто така постигна шест гола.
Ракометната репрезентација на Хрватска стигна и до третата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година, откако вечерва славеше на гостувањето кај Чешка со 29-35 во меч од 3. коло од групата 5.
Откако по првото полувреме двете репрезентации одиграа егал (18-18), серијата од (7-0) на гостите на стартот на второто (17-25), беше доволна за сигурен триумф на „коцкестите“.
Унгарија славеше на гостувањето кај Црна Гора со 26-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА