Литванија и Грција останаа без селектори по елиминацијата од ОИ

Две од четирите селекции кои загубија во финалето на квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри останаа без селектор. Рик Питино ја напушта клупата на Грција, а Дариус Масколијунас ја напушта клупата на Литванија.

И двете репрезентации доживеаја елиминација, што секако може да се каже и за српскиот тим. По одличната партија против Турција, Грција загуби од Чешка на турнирот во „Викторија“, со голема разлика, додека Литванија остана без решение за Лука Дончиќ на домашен терен пред преполната арена.

Питино ги напушта Грците по многу краток престој на чело во националниот тим.

„Нема иднина за мене. Тука сум како поранешен тренер и пријател на Јоргос Папајанис. Јас веќе не сум селектор на Грција. Ова беше последен обид за мене. Ова ми одзема многу време. Во Грција, дури и не знаат кој ја води Федерацијата, но има многу одлични грчки тренери кои можат да го продолжат она што го изградивме оваа недела и јас сигурно ќе бидам тука за да им помогнам. Ја сакам Грција, ги сакам играчите што ги тренирам, но ова беше последен еден обид за мене“, изјави Рик Питино по поразот од Чешка.

Дариус Масколијунас, кој во моментов му помага на Сарунас Јасикевичиус во Барселона, исто така ја напушта репрезентацијата на Литванија.

„Ја завршив работата како тренер. Штета што завршив на овој начин. Словенија нè уби во третата четвртина, а ние не можевме да притискаме и да ја сместиме топката во рекетот. Ние сме ужасно разочарани од себе, но многу луѓе во Литванија се исто така разочарани. Ние, тренерите, донесовме многу погрешни тактички одлуки, што резултираше со пораз на домашен терен“, рече Масколиунас.

Се вчитува...