Ливерпул доби нов спортски директор

Германецот Јорг Шматке, наскоро ќе биде именуван за нов спортски директор на Ливерпул. Шматке ги договара последните детали со клубот од Енфилд, каде што заедно со сонародникот Јирген Клоп, ќе биде задолжен за трансфери и стратегија за доведување на играчи.

Шматке ќе го замени Јулијан Вард кој заминува на крајот од сезоната. Шматке работеше последен пат во Волфсбург на истата функција. Германскиот клуб го напушти пред неколку месеци, и најави дека ќе се пензионира, но сега ја прифаќа понудата од Ливерпул.

Во минатото тој беше спортски директор на Алеманија Ахен, Хановер и Келн. Во текот на кариерата настапуваше за Фортуна Дизелдорф, Фрајбург, Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...