Португалскиот стратег Рубен Аморим најверојатно ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул на крајот од сезоната.
Актуелниот тренер на Спортинг Лисабон од претходно беше во потеснио круг кандидати, каде беше и Роберто Де Зерби од Брајтон. Откако отпадна првиот кандидат Чаби Алонсо, кој сепак се одлучи уште една сезона да мине на клупата на Баер Леверкузен, челниците на клубот од „Енфилд“ се одлучиле за Аморим.
Рубен Аморим својата одлука да ја прифати понудата на Ливерпул веќе ја соопштил на своите најблиски соработници во Спортинг, пренесуваат португалските медиуми. И Ливерпул веќе добил потврда од Португалецот дека ќе ја прифати понудата.
А, пред заминувањето во Англија, Аморим ќе се фокусира на освојување на двојната круна во Португалија. Неговиот Спортинг е лидер во шампионатот во моментов, пред Бенфика, а го очекува и битка токму против Бенфика за финале во националниот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА