Ливерпул ги претстави дресовите – изработени од 100% рециклирана пластика

Ливерпул денеска и официјално ги претстави дресовите за наредната сезона, што тимот на Јирген Клоп премиерно ќе ги носи на последниот овосезонски меч, на домашен терен против Кристал Палас што ќе се игра в недела.

Очекувано, дресовите се целосно црвени, со портокалов дел околу вратот, а новина е што опремата е изработена од стопроцентно рециклирана ткаенина, што се добива од рециклирање на пластични шишиња.

„Прекрасно е да се види новиот дрес, фантастична иновација на Најк за нашите домашни натпревари. Ние како клуб се грижиме за околината, истото се однесува и за Најк како компанија, среќни сме што добиваме „еколошки чиста опрема“. Едвај чекам да почнам да го носам на натпреварите наредната сезона“, изјави Вирџил ван Дајк.

Се вчитува...