Ливерпул го освои „Олд Трафорд“, остануваат надежите за ЛШ… (ВИДЕО)

Ливерпул се уште ги негува надежите за место во Лигата на шампионите следната сезона, откако го доби големото дерби во Премиерлигата, славејќи со 2-4 на гостувањето против Манчестер јунајтед во 36. коло.

Иако домашните први дојдоа до предност со голот на Бруно Фернандеш уште во 10. минута, се понатака беше во знакот на Ливерпул. Веќе пред полувремето, со головите на Жота во 34. минута и Фирмино во 45. минута, Ливерпул дојде до водство од 1-2.

Во вториот дел, Фирмино во 47. минута зголеми на 1-3, а иако Рашфорд во 68. минута намали на 2-3, конечните 2-4 ги постави Салах во 90. минута.

Ливерпул по овие три бода, сега е на четири бода од четвртопласираниот Челси, и со натпревар помалку.

Се вчитува...