Ливерпул го посакува Душан Влаховиќ

Ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ е на мета на англискиот премиерлигаш, Ливерпул. Медиумите од островот, пренесуваат дека повеќекратниот европски шампион ќе и испрати понуда на Фиорентина бидејќи тренерот, Јирген Клоп сака да го освежи својот напад.

Единствен проблем би можела да биде цената, бидејќи Влаховиќ има уште две години од својот договор со клубот од Фиренца, па затоа ќе бара околу 50 милиони евра за неговите услуги.

Влаховиќ зад себе има одлична сезона во Серија А. Тој постигна 21 гол, а има и две асистенции. Беше четврти стрелец во лигата веднаш зад, Кристијано Роналдо, Ромелу Лукаку и Лукас Муриел.

Се вчитува...