Ливерпул го спаси ВАР, Челси не го спасува ниту Шварценегер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси продолжуваат со катастрофалните партии сезонава откако доживеаја нов пораз на домашен терен од Брентфорд со минимални 0-2.

Гостите поведоа со 0-1 со автоголот на Цезар Аспиликуета во 37. минута, додека конечните 1-2 беа дело на Мбеумо во 78. минута.

До тешка победа стигна Ливерпул кој по пресврт славеше на гостувањето кај Вест Хем јунајтед со 1-2. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Пакета во 12. минута, додека гостите израмнија само шест минути подоцна на 1-1 преку Гакпо. Домаќините постигнаа погодок за 2-1 преку Боувен во 55. минута, но по прегледување на ВАР тој беше поништен поради офсајд. Конечните 1-2 беа дело на Жоел Матип во 67. минута.

Голема победа во битката за опстанок оствари Нотингем Форест кој на домашен терен славеше над Брајтон со 3-1.

 

West Ham 1 – [2] Liverpool – Matip 67’
by u/Golovking in soccer

 

Се вчитува...