Ливерпул го вклучи Кутињо во составот за ЛШ

Бразилецот Фелипе Кутињо беше една од главните ’ѕвезди’ на летниот преоден рок, околу него се крена голема прашина со можноста да направи трансфер во Барселона, но англискиот премиерлигаш Ливерпул ги одби сите понуди и тој остана на „Енфилд роуд“. Сега се враќа во клубот по репрезентативните активности и ќе мора да се помири со фактот дека и понатаму ќе го носи дресот на „црвените“. Тој самиот побара да му биде дозволен трансфер, клубот прикриваше наводна повреда, меѓутоа јасно е дека желбата на Бразилецот беше да се пресели на „Камп Ноу“.

Сепак, сега од тоа нема ништо, а менаџерот Јирген Клоп го вклучи во составот на Ливерпул што ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, откако претходно го пропушти плејоф дуелот со германскиот бундеслигаш Хофенхајм.

„Кутињо? Нема тука никаква приказна. Среќни сме што имаме на располагање квалитетен фудбалер и тој ќе биде дел од составот што ќе игра за Ливерпул во Лигата на шампионите“, истакна менаџерот на Ливерпул.

Се вчитува...