Ливерпул и „Најк“ – рекорден спонзорски договор во Премиер-лигата

Одличните резултати на Ливерпул во последните неколку сезони придонесоа да дојде и до сериозен комерцијален раст на гигантот од „Енфилд“, кој сега е подготвен и да го прескокне Манчестер Јунајтед на листата на најбогати спонзорски договори во Премиер-лигата. „Црвените ѓаволи“ моментно заработуваат 75 милиони фунти по сезона од договорот што го имаат со „Адидас“, но Ливерпул ќе ја надмине оваа граница со договорот што во наредниот период ќе го потпише со „Најк“.

Точните детали околу висината и должината на договорот засега не се обелоденуваат во јавноста, но се потенцира дека договорот на „црвените“ со американската компанија за спортска опрема дефинитивно ќе биде рекорден кога станува збор за фудбалска Англија. Ливерпул е влезен во последната година од договорот што го има со „Њу Баланс“ за 45 милиони фунти по сезона, сума што ќе биде значително зголемена кога ќе се потпише соработката со „Најк“.

Најбогатиот договор што „Најк“ го има во светот на фудбалот е оној со Барселона, вреден една милијарда фунти во рок од десет години (100 милиони фунти по сезона).

Се вчитува...