Ливерпул ја продолжи агонијата на Тотенхем, покер на Арсенал против Ипсвич во Лига купот

Иако во летниот преоден рок потроши речиси 400 милиони евра за засилувања, Тотенхем сезонава нема победа, а веќе испадна од едно натпреварување.

Ливерпул на „Енфилд“ со 3:1 го совлада Тотенхем во англискиот Лига куп и ја продолжи агонијата на тимот од Лондон.

 

 

Резултатот го отвори Алексис Мекалистер во 21-та минута, а на стартот од второто полувреме Коди Гакпо зголеми на 2:0. Тотенхем преку Конор Калагер намали на 2:1, но Доминик Собослаи во судиското продолжение ги разреши сите дилеми околу победникот.

 

 

Арсенал продолжува со добрите игри на стартот од сезоната и со убедливи 2:4 славеше на гости кај Ипсвич. Во фокусот на овој натпревар беше 16-годишниот Макс Дауман кој постигна два гола.

Тој стана вториот 16-годишник кој постигнал два гола на еден натпревар за премиерлигашка екипа во сите натпреварувања.

Топчиите со головите на Дауман и Мадуеке поведоа со 0:2 во првиот дел, а сите дилеми беа разрешени во првите 13 минути од второто полувреме кога кога Дауман и Мерино му донесоа водство на Арсенал од 0:4.  Ипсвич го ублажи поразот со головите на Мехмеди и Акпон.

Се вчитува...