Екипата на Ливерпул, која се наоѓа пред шампионска промоција во Премиерлигата, планира на лето дополнително да го засили својот тим.
„Црвените“ нема да се задоволат само со трофеј во Англија, и ќе сакаат повеќе, односно успех и во Лигата на шампионите. Токму од тука Арне Слот сака добро да ја „стегне“ одбраната на „црвените“, па затоа ќе тргне по услугите на германскиот репрезентативец Нико Шлотербек, кој во моментов е дел од Борусија Дортмунд.
Шлотербек е еден од најдобрите играчи на Борусија. Во прилог на Ливерпул му оди тоа што Шлотербек најверојатно ќе остане без настапи во Лигата на шампионите идната сезона, со оглед на очајната сезона на „милионерите“, па затоа Слот ќе го искористи тоа да го ангажира.
Сумата која се споменува изнесува 40 милиони евра. Тој за 30 милиони во 2022 година дојде од Фрајбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА