Ливерпул не го дава врвот во Премиерлигата, триумфирајќи со 2-1 против Челси на „Енфилд роуд“ во 8. коло.
Одличен натпревар за избраниците на Арне Слот, кој победата ја најавија со голот на Салах од пенал уште во 27. минута од средбата.
Во второто полувреме, Џексон во 48. минута израмни на 1-1, за да потоа на асистенција на Салах, Куртис Џоунс донесе 2-1 и три бода за „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА