Ливерпул победи против Норич, но го загуби Алисон (ВИДЕО)

Ливерпул одлично ја отвори новата сезона во Премиер-лигата совладувајќи го на домашен терен Норич со 4-1.

Победникот беше познат уште во првото полувреме. „Црвените“ до водство дојдоа уште во 7. минута со автоголот на Грент Хенли. Дванаесет минути подоцна првиот погодок сезонава го постигна и Мохамед Салах кој зголеми на 2-0. Во 28. минута во листата на стрелците се запиша и еден од најдобрите одбранбени фудбалери во светот, Вирџил ван Дајк.

Во 36. минута стигнаа првите главоболки за Клоп во новата сезона. Алисон се пожали на повреда поради која мораше да биде заменет, а на негово место влезе новата аквизиција на тимот Адриан. Шест минути подоцна Дивок Ориџи зголеми на 4-0, по асистенција на Александер Арнолд.

Во второто полувреме гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Тимо Пуки во 64. минута за конечни 4-1.





Се вчитува...