Ливерпул подготви 60 милиони фунти за новата англиска „ѕвезда“

Јирген Клоп беше невообичаено мирен во летниот преоден рок, но стратегот на Ливерпул веќе подготви богата понуда за на крајот од сезонава сериозно да го засили својот тим. На врвот на неговата листа со желби се наоѓа Џејмс Медисон, 22-годишен англиски репрезентативец кој со голем успех го носи дресот на Лестер.

Челниците на Ливерпул заедно со Клоп на Медисон гледаат како на идеален наследник на Филипе Кутињо, со оглед на фактот дека станува збор за играч кој одлично се снаоѓа како плејмејкер, но и по крилните офанзивни позиции. Интерес за овој фудбалер минатото лето покажа и Манчестер Јунајтед, па токму затоа „црвените“ веќе подготвија 60 милиони фунти, сума за која веруваат дека ќе им биде доволна за да го осигураат потписот на овој фудбалер.

Медисон минатата сезона одигра 36 средби за „лисицте“, постигнувајќи седум гола и седум асистенции. Сезонава тој одигра седум средби за Лестер, а зад неговото има се запишани два гола и две асистенции.

Се вчитува...