Ливерпул понуди 80 милиони евра за Томас Лемар

Монако даде зелено светло за заминување на Килијан Мбапе во ПСЖ, но „кнезовите“ сега ги очекува нова битка – да го задржат во своите редови Томас Лемар по богатата понуда што за услугите на овој фудбалер ја испрати Ливерпул. Весникот Л’Екип објави дека тимот на Јирген Клоп понудил огромни 80 милиони евра за услугите на Лемар, од кои 72 милиони би биле уплатени при самиот трансфер и само осум милиони преку две клаузули.

„Кнезовите“ досега ги одбиваа сите понуди за офанзивниот играч за врска, најзагреан летово делуваше Арсенал, но „топчиите“ не понудија повеќе од 55 милиони евра. Затоа, понудата на Ливерпул многу сериозно се разгледува од страна на раководството на Монако, кое во следните 24 часа и официјално ќе реши дали ќе продаде уште еден фудбалер од шампионската генерација, откако веќе си заминаа Бернардо Силва, Менди, Бакајоко и Мбапе.

Останува да се види дали офанзивата по Лемар значи дека Ливерпул ќе даде зелено светло за заминување на Филипе Кутињо во Барселона, или Бразилецот сепак ќе остане на „Енфилд“ и во текот на оваа сезона.

Се вчитува...