Ливерпул посилен од новата ВАР-неправда

Ливерпул стигна до голема победа на дуелот со Шефилд Јунајтед од 2-1, меч што го одбележа уште една погрешна одлука на ВАР-арбитрите по онаа на градското дерби со Евертон минатиот викенд.

Имено, гостите поведоа од пенал што им го доделија ВАР-арбитрите, кои ја преиначија одлуката на главниот судија Мајк Дин, дека прекршокот бил направен надвор од шеснаесетникот. Меѓутоа, судиите воопшто не ја разгледувале ситуацијата околу стартот на Фабињо, иако при повторените снимки беше јасно дека фудбалерот на Ливерпул прв стигнува до топката и воопшто не треба да биде досуден прекршок од него.

„Црвените“ сепак собраа сили да се вратат и пред крајот на полувремето израмнија преку Фирмино, за во вториот дел да го комплетираат пресвртот со погодокот на Жота. Салах имаше стопроцентна шанса да постигне и трет гол, но најдобриот стрелец на „црвените“ од непосредна близина биеше само во дирекот од голот на гостите.

Се вчитува...