Ливерпул вечерва го официјализираше доаѓањето на Роналд Араухо, искусниот уругвајски репрезентативец кој пристигнува на „Енфилд“ од редовите на Барселона.
Европските гиганти веќе постигнаа договор, Араухо ќе мине една сезона на позајмица во Ливерпул, а англискиот тим ќе има опција да го откупи неговиот договор со Бара наредното лето. Араухо минатата сезона имаше мала минутажа кај Ханси Флик, што беше причина самиот да побара да ги смени клупските бои, а позајмицата во Ливерпул делува како најдобра опција за сите.
„Едвај чекам да почнам, пресреќен сум што доаѓам во клуб како Ливерпул. Мислам дека ова е идеален трансфер за мене во овој момент од кариерата, штом слушнав дека Ливерпул е заинтересиран јасно ставив до знаење дека тоа е клубот каде што сакам да заминам летово“, изјави 27-годишниот Араухо.
Дефанзивецот ќе го носи дресот со број 33 во таборот на „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
