Ливерпул поведе колку само да ги налути „граѓаните“ за „дебакл“ на Етихад (ВИДЕО)

Манчестер сити триумфираше убедливо со 4-1 против Ливерпул во дербито на 29. коло од Премиерлигата на „Етихад“. Гостите од Ливерпул успеаја да поведат со 0-1, но сето тоа само како да ги налути избраниците на Пеп Гвардиола кои целосно доминираа до крајот за повеќе од заслужен триумф.

Црвените до предност дојдоа по прекрасната акција и одличната реализација на Мохамед Салах кој мајсторски стрелаше за водство на Ливерпул…

Манчестер сити не дозволи долго да трае предноста на гостите, па во 27. минута по акција како од учебник со голот на Алварез дојде до 1-1.

Во второто полувреме целосна доминација на „граѓаните“ кои веќе во 46. минута со голот на Де Брујне дојдоа до 2-1.

Во 53. минута Гундоган зголеми на 3-1, а во 74. минута Грилиш заокружи за конечни 4-1.

Се вчитува...