Андони Ираола го претрпе првиот пораз како стратег на Ливерпул откако „црвените“ синоќа загубија на пријателскиот меч со Лидс јунајтед одигран во Чикаго со резултат 2-4.
Ливерпул одигра одлично прво полувреме во кое имаше предност од 2-0 со погодоците што ги постигнаа Чемберс и Флоријан Вирц. Ираола ја дозира минутажата на фудбалерите, па така на паузата ги повлече голем дел од првотимците (Исак, Вирц, Нгумоа), што беше искористено од страна на противникот.
Лидс најпрвин стигна до 2-2 преку Аронсон и Калверт Луин, а потоа и до целосен пресврт, најпрвин Лонгстаф во 73. минута погоди за 2-3, пред Калверт Луин со својот втор гол да ги постави конечните 2-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
