Ливерпул сам ќе одлучува за својата судбина во ПЛ (ВИДЕО)

Ливерпул стигна до победа од 0-3 на гостувањето кај Барнли во 37. коло во англиската Премиер-лига. Роберто Фирмино во 43. минута донесе водство за „црвените“. На 0-2 зголеми Натениел Филипс во 52. минута, додека конечните 0-3 ги постави Окслеј Чембрлејн во 89. минута.

Со овој триумф Ливерпул изби на четвртата позиција со 66 бода, исто колку што има и петтиот Лестер, но поради подобрата гол разлика „црвените“ се на последното место кое води во Лигата на шампионите и со триумф во последното коло против Кристал Палас ќе успеат колку толку да ја извадат сезоната која е за заборав.

 

 

 

Се вчитува...