Ливерпул се враќа: Салах стрела во мрежата на Реал

Ливерпул на самиот почеток од второто полувреме успеа да ја преполови негативата во Мадрид, намалувајќи го водството на Реал на 2-1. „Црвените“ делуваат разбудено откако во првиот дел не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол, а по само пет минути игра го најдоа патот до мрежата на Куртоа.

Вајналдум одлично продре на средината од теренот и го проигра Жота, обидот за шут на Португалецот беше блокиран, но топката стигна до Салах, кој со помош на гредата го матираше домашниот голман.

Се вчитува...