Ливерпул со среќен гол до втора победа во САД

Ливерпул ја забележа и втората победа на вториот меч одигран на турнеата во САД откако „црвените“ рано утрово во Њујорк славеа со 1-0 над Врексам.

Ираола повторно не можеше да смета на бројни првотимци, шанса добија играчи од младинската школа кои се покажаа во добро светло.

На крајот, дуелот беше решен со среќниот гол што го постигна Рио Нгумоа на петнаесетина минути до крајот, откако неговиот удар закачи еден противнички дефанзивец и заврши во мрежата.

Се вчитува...