Ливерпул уште еднаш го одби Јуве за Емре Џан

Италијанскиот првак Јувентус доби уште една ’корпа’ од Ливерпул за евентуален ангажман на германскиот интернационалец Емре Џан. Раководството на „старата дама“ достави нова понуда за одличниот играч за врска, вредна 25 милиони евра, но Ливерпул воопшто и не сака да разгледува понуди за продажба на своите фудбалери, кога Премиер – лигата веќе започна. Се разбира, поинаква е ситуацијата со Фелипе Кутињо кој најверојатно ќе се пресели во Барселона.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го посакува Емре Џан во средниот ред на својот тим, посебно откако го продаде Марио Лемина во Саутемптон. Но, менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, веднаш ја отфрли можноста Ливерпул ова лето да остане и без услугите на својот сонародник.

Доколку не успее да го доведе Џан, Алегри вниманието ќе го насочи кон Матуиди од екипата на ПСЖ, но и кон Андре Гомеш од Барселона.

Се вчитува...