Ливерпул возвраќа – ФА не ни дозволи да го пријавиме Чиривела

Ливерпул излезе со свој став околу ситуацијата со Чиривела, велејќи дека документот за пријава на фудбалерот до ФА  бил испратен уште во јуни, но не добиле повратен одговор.„Црвените“ би можеле да бидат исфрлен од Лига-купот на Англија откако беше обелоденето дека е покрената истрага против клубот, бидејќи Педро Чиривела кој настапи на дуелот со МК Донс не ги исполнувал критериумите за учество во ова натпреварување.

Од ФА ставот е дека клубовите мора да внимаваат дали фудбалерите им се пријавени, но од Ливерпул токму поради оваа ситуација бараат казната да биде само парична, а не да бидат исфрлени од Лига купот.

Се вчитува...